Сенки / Senki

By Foltin

On Simultan Baknez

Released on July 1, 2021

Thumbnail

Небото гори во модар пламен

Сенки се кријат под дрво под камен

Сенки се кријат под нашите чевли

Времето заспива точно на пладне

И сѐ дури спие постои надеж

Дека меѓу нас нема да пукне

Дека меѓу нас нема да падне

Еднаш засекогаш, само ќе клапне

А времето нема вечно да спие

Ќе почне да врти, да чука, да трае

И сенки ќе тргнат од нашите чевли

Ќе кружат ко стрелки на часовник, напред

Мувите зујат над нашите глави

Мршојадци кружат над уморен бакнеж

Небото гори во модар пламен

Небото гори во модар пламен

Мувите зујат над нашите глави

Мршојадци кружат над уморен бакнеж

Небото гори во модар пламен

Небото пламти во модар пл(амен)